Цолис стана „топџија“ – Арсенал го плати 40 милиони евра

Арсенал го потврди доаѓањето на грчкиот интернационалец Христос Цолис од Клуб Бриж, во трансфер вреден околу 40 милиони евра. 24-годишниот напаѓач игра главно на левата страна од нападот, а на стадионот „Емирати“ пристигнува како замена за Леандро Тросар, кој оваа недела се пресели во Бешикташ. Тој ќе го носи дресот со број 17 во Арсенал

Прегледи:

Датум:

Арсенал го потврди доаѓањето на грчкиот интернационалец Кристос Цолис од Клуб Бриж, во трансфер вреден околу 40 милиони евра. 24-годишниот напаѓач игра главно на левата страна од нападот, а на стадионот „Емирати“ пристигнува како замена за Леандро Тросар, кој оваа недела се пресели во Бешикташ. Тој ќе го носи дресот со број 17 во Арсенал.

Цолис потекнува од ПАОК, а во 2021 година се пресели во Норвич. Сепак, тој не успеа да се етаблира во Премиер лигата, па за време на престојот во Англија играше на позајмица во Твенте и Фортуна Дизелдорф, кои потоа го купија и веднаш го продадоа на Клуб Бриж.

Тој доживеа целосна афирмација во Белгија. За две сезони со Клуб Бриж, одигра 108 натпревари, постигна 43 гола и регистрираше 45 асистенции, додека минатата сезона го освои белгиското првенство.

Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, не го криеше своето задоволство од завршениот трансфер.

„Кристос е исклучително разновиден офанзивен играч. Тој природно игра лево, но може да ги покрие сите позиции во нападот. Финишира добро со двете нозе, одличен е во тесни простори и има врвен технички квалитет. Неговите бројки во претходните три сезони беа импресивни и веруваме дека тој значително ќе го подигне квалитетот на нашиот тим“, рече Берта.

Арсенал очекува Цолис дополнително да ја зголеми конкуренцијата во нападот и да донесе нова димензија во тимот во борбата за трофеи во Премиер лигата и Европа.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Милан ја поддржа одлуката за бојкот на навивачите

Милан ја поддржа одлуката на навивачите да го бојкотираат...

Роналдо испрати порака до Кварацхелија: Најдоброто допрва доаѓа

Повредата на Хвича Кварацхелија против Барселона нанесе тежок удар...

Панатинаикос: Ќе преземеме законски чекори за да го вратиме она што го украде режимот

По апсењето на претседателот на Грчката кошаркарска федерација, Вангелис...

Олмо аут еден месец поради повреда на мускулот

Офанзивниот играч за врска на Барселона, Дани Олмо, ќе...