Манчестер Јунајтед во последен момент остана без победа на гостински терен кај Евертон

Манчестер Јунајтед ремизираше 2-2 со Евертон на гостински терен во третото коло од англиската Премиер лига

Прегледи:

Датум:

Манчестер Јунајтед ремизираше 2-2 со Евертон на гостински терен во третото коло од англиската Премиер лига.

Јунајтед првпат сериозно се закани во 9-тата минута кога Бруно Фернандеш упати брилијантен удар од работ на шеснаесетникот, Џордан Пикфорд беше немоќен, но Португалецот само ја затресе пречката.

Евертон чекаше до 43-тата минута за својата прва голема шанса кога Мерлин Рел упати центаршут од десно, а Тиерно Бери непречено ја испрати топката со глава од шеснаесетникот, но топката помина над голот.

Во последните моменти од првото полувреме, по големата турканица во шеснаесетникот, Џарад Брантвејт шутираше дијагонално од лево, но ударот отиде директно во голманот на Јунајтед, Сене Ламенс.

Јунајтед поведе во првата минута од продолжувањето на натпреварот кога Брајан Мбеумо мајсторски го совлада Пикфорд и го доведе во водство гостите.

Евертон напаѓаше од тој момент, а нивните напади се исплатија во 83-тата минута кога Тирик Џорџ ја прими топката од десната страна, влезе во шеснаесетникот, а потоа упати силен удар во блискиот агол, финиширајќи за 1:1.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, Фернандез го проигра Лук Шо во 88-мата минута, кој направи центаршут од левата страна, а Бенџамин Шешко со глава ја погоди мрежата за 2:1.

Сепак, возбудата од натпреварот не заврши тука, бидејќи во последната секунда од судиското продолжение, Ајнсли Мејтланд-Најлс постигна прекрасен гол за 2:2.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Грчката кошарка во центарот на скандал: Истрага поради сомневања за местење натпревари

Грчката кошарка е потресена од голем скандал откако, според...

Бернал доби суспензија од четири натпревари поради удирањето на Јамал

Факундо Бернал, играчот од средниот ред на Реал Бетис,...

Неверојатна приказна го обиколи светот: Ослабел 108 кг, се вратил во фудбалот и добил повик од гигант

Приказната за 32-годишниот бразилски футсал играч Брено Едувиге, попознат...

Големиот пад на поранешната ѕвезда: Каде „исчезна“ Алваро Мората?

Што се случува со Алваро Мората? Тоа е прашањето...