🎥Нов рекорд: Леброн стана најстариот играч со „трипл-дабл“ во историјата на НБА

Џејмс го заврши натпреварот со 28 поени, 10 скока и 12 асистенции и на 41 година и 44 дена стана најстариот кошаркар што го постигнал ова

Прегледи:

Датум:

Последните три натпревари пред Ол-стар паузата беа одиграни синоќа во НБА.

Во еден од нив, Лос Анџелес Лејкерс ги победија Далас Маверикс дома со 124:104 со „трипл-дабл“ на Леброн Џејмс, со кој влезе во историјата.

Џејмс го заврши натпреварот со 28 поени, 10 скока и 12 асистенции и на 41 година и 44 дена стана најстариот кошаркар што го постигнал ова.

Претходниот рекорд, исто така, го држеше играч на „езерџиите“ – Карл Малоун, кој постигна трипл-дабл на 40 години и 127 дена.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ристовски: Голем е интересот за FNC 34, сигурен сум дека борбите ќе бидат многу добри и интересни

Министерот за спорт на Македонија, Борко Ристовски, го најави...

Резултати од RAF 14: Царукјан и Чимаев со убедливи победи

Арман Царукјан и Хамзат Чимаев постигнаа јасни победи на...

Медведев му оддаде почит на Вавринка

По убедливата победа над Теренс Атман на Отвореното првенство...

Вила се откажува од Гарначо !?

Астон Вила размислува да се откаже од трајниот трансфер...