📸Хрватка го збуни снимателот на ГН на Мајами: Наместо анализа на Ф1, ја снимаше неа

Чуден момент од Гран При на Мајами стана хит на социјалните мрежи.

Прегледи:

Датум:

За време на емитувањето на Скај Спортс, додека Џенсон Батон ја анализираше Гран При на Мајами во Формула 1, камерата одеднаш „залута“ и се фокусираше на атрактивна девојка која шеташе низ падокот.

Видеото брзо стана вирално, а дополнително внимание привлече реакцијата на механичар на Мекларен, кој исто така беше изненаден од сцената.

Се работи за Ивана Нол, хрватска инфлуенсерка и една од најпознатите навивачки од фудбалските трибини, која стекна популарност на Светското првенство во 2018 година.

Нол, која сега живее во Мајами, е редовна гостинка на оваа трка, а нејзиното појавување повторно привлече големо внимание – не само меѓу навивачите, туку и меѓу оние што емитуваа.

Видеото брзо собра илјадници прегледи и коментари, а многумина веќе го нарекуваат еден од најзабавните моменти од овогодинешната сезона во Ф1.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...