Трета последователна победа на Антонели во Формула 1

Победник на Големата награда на Мајами, четврта во сезоната, е возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Младиот Италијанец со тоа постигна неверојатни три последователни победи во Формула 1.

Прегледи:

Датум:

Победник на Големата награда на Мајами, четврта во сезоната, е возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Младиот Италијанец со тоа постигна неверојатни три последователни победи во Формула 1.

Возачот на Мерцедес го постигна својот триумф по голема битка со Шарл Леклер, Ландо Норис и Макс Верстапен, и покрај проблемите што ги имаше за време на трката.

Стартот донесе целосен хаос – Леклер го презеде водството, додека Верстапен се изврте на патеката по контакт, но успеа да продолжи.

Потоа видовме серија престигнувања во борбата за врвот, а Антонели на крајот го задржа првото место.

Норис заврши втор, додека Оскар Пјастри стигна до третото место на финишот од трката.

По четири трки, Антонели е водечки во генералниот пласман со 100 поени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...