📸 Жешка фотографија на познатата фудбалска новинарка – позираше полугола пред огледало

Атрактивната италијанска спортска новинарка, Маријалуиза Јакобели, повторно ја оправда титулата една од најжешките жени во светот на фудбалот

Прегледи:

Датум:

Атрактивната италијанска спортска новинарка, Маријалуиза Јакобели, повторно ја оправда титулата една од најжешките жени во светот на фудбалот. Таа сподели серија фотографии на својот Инстаграм профил кои ги оставија нејзините следбеници без здив, а највпечатлива беше нејзиниот провокативен топлес.

Марилуиза, која често ја споредуваат со познатата Ким Кардашијан поради нејзините црти на лицето и облини, позираше без маица, но еден специфичен детаљ на нејзиното тело предизвика лавина од коментари.

Имено, на нејзиниот грб јасно се гледаат траги од „cupping“ – популарен метод на алтернативна медицина што се користи за ублажување на мускулната напнатост и вкочанетост, а кој го користат и многу врвни спортисти.

Фото: Инстаграм

Оваа убавица е добро позната на фудбалските фанови низ Европа. Таа често известува од најважните натпревари од Серија А и Лигата на шампионите.

Нејзината последна објава собра десетици илјади лајкови за кратко време, а коментари како „Најубавата жена на светот“, „Божица“ и „италијанско совршенство“ постојано се среќаваа.

За потсетување, Јакобели претходно беше поврзувана со некои од најпознатите фудбалери на денешницата, но таа вешто ја крие својата приватност, додека редовно ги „чести“ фановите со жешки снимки од теретана и од луксузни дестинации.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...