🎬Иако беше на излезна врата, Фоден сепак потпиша нов договор со Манчестер Сити

Фил Фоден потпиша нов четиригодишен договор со Манчестер Сити, кој ќе остане во клубот до 2030 година

Прегледи:

Датум:

Фил Фоден потпиша нов четиригодишен договор со Манчестер Сити, кој ќе остане во клубот до 2030 година. Претходниот договор на 26-годишникот требаше да истече следното лето, но тој одлучи да го продолжи својот престој по доаѓањето на новиот менаџер Енцо Мареска, кој беше помошник на Гвардиола на „Етихад“.

Фоден беше поврзуван со заминување од клубот откако го изгуби местото во првиот тим минатата сезона. Милан, Барселона и Галатасарај беа опции, но тоа сега е исклучено.

Тој е дете на Сити, а го имаше своето деби во првиот тим на 17-годишна возраст под водство на поранешниот менаџер Пеп Гвардиола и оттогаш има 369 настапи за клубот, освојувајќи шест титули во Премиер лигата, една Лига на шампиони и два ФА Купа.

Сепак, тој не беше вклучен во составот на Англија за Светското првенство.

„Да ја посветам мојата иднина на Сити значи сè за мене“, рече Фоден. „Да играм за овој клуб е сè што отсекогаш сум посакувал и секогаш е чест да го носам дресот. Знам дека имав среќа да бидам дел од историски период со толку многу освоени трофеи, но секогаш гледаме кон иднината и се обидуваме да освоиме повеќе. Едвај чекам повторно да соработувам со Енцо. Тој беше брилијантен за време на сезоната кога освоивем „требл“ – некој што сите играчи го почитуваа и сакаа да работат со него.“

Фоден, кој е најтрофејниот играч на Сити покрај Џон Стоунс и Бернардо Силва, ја помина целата своја кариера во клубот под водство на Гвардиола, кој го заврши својот успешен десетгодишен мандат на чело во мај.

Англичанецот ја подигна летвата високо со своите настапи во годината по тројната круна на Сити, постигнувајќи 27 гола, што е рекорд во кариерата, како и 12 асистенции. Следните две сезони беа помалку продуктивни бидејќи улогата на Фоден во тимот на Сити се промени.

Минатата сезона, Фоден постигна седум гола и имаше пет асистенции во 33 настапи во Премиер лигата, додека претходната сезона постигна седум гола и асистираше двапати во 28 настапи во највисоката лига.

Откако беше изоставен од составот на Тухел за Светското првенство ова лето, Здружението на професионални фудбалери соопшти дека Фоден станал жртва на зафатениот фудбалски календар, додавајќи дека тој не е верзијата што ја гледавме пред две години.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Менаџерот на Саутемптон обвинет за недолично однесување поради шпионскиот скандал

Менаџерот на Саутемптон, Тонда Екерт, е обвинет за недолично...

Ивановски по голема борба и со пресврт до победа на турнирот во Олерсбах

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи откако...

Лаутаро Мартинез наводно викал и фрлал работи во соблекувалната на Аргентина по поразот во финалето

Аргентина загуби од Шпанија во финалето на Светското првенство,...

Нова ера за „Црвените ѓаволи“: Марк ван Бомел е нов селектор на Белгија

Белгиската фудбалска асоцијација ќе го назначи Марк ван Бомел...