МЗТ го претстави Крајиниќ – првото странско засилување во летниот преоден рок

Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје во летниот преоден рок, откако денеска официјално стави потпис на договорот со клубот од Аеродром

Прегледи:

Датум:

Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје во летниот преоден рок, откако денеска официјално стави потпис на договорот со клубот од Аеродром.

Според тимот, станува збор за талентиран центар, кој одлично ги користи својата висина и подвижност и кој одлично се снаоѓа во рекетот, како во нападот, така и во одбраната.

Кошаркарската кариера ја почна во Слобода Тузла, каде што настапуваше во периодот од 2018 до 2024 година. Потоа направи трансфер во Промо, каде што бележеше просек од 13 поени и 7,4 скока по натпревар. Минатата сезона ја мина во дресот на словенечкиот прволигаш Златорог Лашко, каде што повторно имаше одличен учинок со просек од 12,5 поени и 7,1 скок.

Крајиниќ е вториот кошаркар кој потпиша за МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, во која нè очекуваат големи предизвици во ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...