Халанд останува во Сити, но би можел да си замине следната година

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Норвежанецот Ерлинг Халанд, им кажал на своите претставници засега да ги стават на чекање сите разговори за можен трансфер

Прегледи:

Датум:

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Норвежанецот Ерлинг Халанд, им кажал на своите претставници засега да ги стават на чекање сите разговори за можен трансфер.

Врвниот напаѓач не сака да го напушти Манчестер Сити ова лето и планира да остане на „Етихад“. Халанд има 26 години, а неговиот договор со англискиот клуб важи до летото 2034 година.

Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 200 милиони евра.

Сепак, тој наводно ја гледа 2027 година како важен момент за преиспитување на својата иднина.

Реал Мадрид сè уште се споменува како една од можните дестинации за продолжување на неговата кариера, пишува шпански „Ел Национал“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...