Куртоа пред „Ел Класико“: Се надевам дека судиските грешки нема повторно да одат во корист на истата екипа

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го критикуваше судењето и VAR системот во шпанската лига пред неделното „Ел Класико“ против Барселона на „Камп Ноу“

Прегледи:

Датум:

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го критикуваше судењето и ВАР системот во шпанската лига пред неделното „Ел Класико“ против Барселона на „Камп Ноу“.

„Се надевам дека судиските грешки во претстојното „Ел Класико“ нема повторно да одат во корист на истата екипа, како што беше случајот досега. Тие ни се потсмеваат, нè тераат да слушаме разговор во живо меѓу судискиот тим, а потоа судијата донесува сосема спротивна одлука. Мислам дека ВАР премногу се меша во сè, тие се вклучуваат во работи во кои немаат право да интервенираат“, рекол Куртоа во средата, цитиран од агенцијата Europa Press.

Белгискиот голман верува дека исходот од дербито е неизвесен, без оглед на формата.

„Ел Класико“ е секогаш 50-50, дури и ако една екипа влезе во натпреварот во подобра форма. Ние сме два сосема различни тима кои играат со различни стилови. Барселона стана многу офанзивна“, рече тој.

Реал Мадрид патува на „Камп Ноу“ со цел да ја намали разликата на врвот на табелата.

„Доаѓаме на „Камп Ноу“ во недела со намера да победиме. Самоуверени сме, полни со самодоверба и сакаме да оставиме силен впечаток. Ќе мора добро да се браниме и да ја искористиме секоја можност. Барселона можеби е малку подобра од нас во моментов, но ништо не е завршено“, додаде Куртоа.

Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра во недела со почеток од 21:00 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Несреќа за Гаштаров: Македонскиот репрезентативец си постигна автогол и клекна во шок

Младиот играч на Црвена Звезда Белград, Матеј Гаштаров (19),...

🎬Општ хаос во Белградска арена – тепачка меѓу Гробари, Делии и полицијата!

Во Белградска арена вечерва се игра големото кошаркарско дерби,...

Голден Стејт бара начини да се раздели со Порзингис

Голден Стејт Вориорс бараат начини да се разделат од...

Барцокас за истрагата за поткуп и наместени натпревари во Грција: „Откритијата се шокантни…“

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, потврди дека грчкиот клуб...