Ливерпул го заврши трансферот на францускиот крилен играч Бредли Баркола од европскиот шампион Пари Сен Жермен за, според некои медиуми на Островот, 106 милиони фунти, без вклучени потенцијални дополнителни бонуси.
Тој потпиша петгодишен договор со Ливерпул и ќе го носи дресот со број 29. Се очекува 23-годишникот да го надомести заминувањето на Мохамед Салах во Трабзон.
„Помина долго време, но денес сум навистина среќен што можам да играм за Ливерпул. Сè што сакам да правам е да бидам на теренот и да играм. Се надевам дека ќе постигнам големи работи. Пред се, сакам да ја освојам Премиер лигата, бидејќи тоа е еден од моите најголеми соништа во животот. Сакам да го постигнам тоа и да останам со овој тим на долг рок. Затоа потпишав долгорочен договор и се надевам дека ќе успеам во тоа“, рече Баркола на презентацијата.
😮💨🇫🇷 pic.twitter.com/RAVJCdLnoG
— Liverpool FC (@LFC) August 31, 2026
Баркола успешно ги помина медицинските прегледи викендот и се очекува да биде големо засилување на крилата.
Тој постигна 39 гола на 152 натпревари за ПСЖ откако дојде од големиот ривал Лион во 2023 година, каде што помина низ младинските формации.
Баркола освои две титули во Лигата на шампионите со ПСЖ, како и три титули во Лига 1 и два Купа на Франција, меѓу другите признанија.


