Подобар од Артета и Гвардиола – Лампард е менаџер на годината во Англија!

Поранешниот ас на Челси и Англија, Френк Лампард, е прогласен за најдобар менаџер на годината во изборот на Здружението на менаџери на лигата (LMA), откако го врати Ковентри Сити во Премиер лигата за прв пат од сезоната 2000/2001.

Прегледи:

Датум:

Поранешниот ас на Челси и Англија, Френк Лампард, е прогласен за најдобар менаџер на годината во изборот на Здружението на менаџери на лигата (LMA), откако го врати Ковентри Сити во Премиер лигата за прв пат од сезоната 2000/2001.

„Небесно сините“ на Лампард ја освоија Чемпионшип лигата со 11 бода предност во однос на конкуренцијата и заработија враќање во елитата по четврт век чекање.

Престижната награда, позната како наградата „Сер Алекс Фергусон“, му ја додели тренерот на Англија, Томас Тухел.

Наградата е именувана по легендарниот тренер Алекс Фергусон, а победникот го одлучуваат тренери од сите професионални лиги во Англија.

Тухел, исто така, го прочита писмото на Фергусон до Лампард за време на церемонијата: „Вашиот Ковентри игра одличен фудбал со самодоверба и верба. Уживав гледајќи те. Среќно во Премиер лигата следната сезона“.

Во конкуренција за наградата беа и тренерот на Арсенал, Микел Артета, кој им ја донесе првата титула на „топџиите“ по 22 години и беше прогласен за тренер на годината во Премиер лигата, потоа Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, како и Унаи Емери, Андони Ираола и други.

Сепак, најголемото признание заврши во рацете на Лампард, за кого ова е најзначајната индивидуална награда во неговата тренерска кариера.

За време на неговата тренерска кариера, Лампард ги водеше Дерби Каунти, Евертон и двапати Челси.

Јутјуб/Принтскрин/Justin Allen

Со Дерби, тој стигна до финалето на плејофот за да влезе во Премиер лигата во 2019 година, но не успеа да избори промоција.

Потоа, тој го презеде Челси, каде што помина 13 години како играч и стана легенда на клубот, но беше отпуштен во 2021 година.

Подоцна се врати накратко како привремен тренер.

Тој имаше и турбулентен мандат во Евертон – успеа да избори опстанок, но набрзо беше отпуштен.

Затоа успехот со Ковентри е уште поголем.

Тимот на Лампард беше најефикасен во Чемпионшип со 97 постигнати голови на 46 натпревари.

Во исто време, Ковентри ја имаше и најдобрата одбрана во лигата, што беше клучно за доминантна сезона и брзо враќање во Премиер лигата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...