Поранешен играч на Ливерпул уапсен поради напад

„Џордон Ибе е обвинет за напад со телесни повреди. Обвинението се однесува на напад за кој се тврди дека се случил во недела, 14 декември 2025 година“, изјави портпаролот на полицијата

0
3
Јутјуб/Принтскрин/ТНТ Спортс

Поранешниот играч на Ливерпул, Џордон Ибе, беше уапсен минатиот месец и испрашуван поради наводен напад што се случил во декември минатата година.

Ибе, кој сега игра за Локомотив Софија во Бугарија, е ослободен со кауција и треба да се појави пред Прекршочниот суд во Кројдон на 6 март.

Тој се вратил во Велика Британија од Бугарија за да присуствува на сослушување во посебен случај. Неговото апсење беше потврдено од полицијата.

„Џордон Ибе е обвинет за напад со телесни повреди. Обвинението се однесува на напад за кој се тврди дека се случил во недела, 14 декември 2025 година“, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи:

„Тој беше уапсен на аеродромот Лутон на 30 јануари и приведен.“

Ибе му се придружи на Локомотив Софија во ноември минатата година откако го напушти англискиот второлигаш Ситингбурн Таун.