Познати се полуфиналистите во Лигата на Европа: Англија обезбеди место во финалето

По синоќешните дуели, станаа познати полуфиналистите од Лигата на Европа

Прегледи:

Датум:

По синоќешните дуели, станаа познати полуфиналистите од Лигата на Европа. Тие се Астон Вила, Нотингем Форест, Брага и Фрајбург.

Астон Вила се пласираше во четвртфиналето откако ја победи Болоња со 4-0 дома во реваншот, а тимот од Бирмингем, исто така, го доби првиот натпревар со 3-1.

Астон Вила ќе се соочи со Нотингем Форест во полуфиналето на Лигата на Европа, кој, по ремито 1-1 во Португалија, вчера го победи Порто со 1-0 дома. Ова значи дека Англија има загарантирано еден учесник во финалето.

Решавачкиот гол го постигна Морган Гибс Вајт во 12-тата минута.

Брага исто така обезбеди пласман во полуфиналето, победувајќи го Бетис со 4-2 на гости. Првиот натпревар заврши нерешено 1-1.

Противник на Брага во полуфиналето ќе биде Фрајбург, кој по победата од 3-0 дома, славеше и со 3-1 на гости против Селта.

Четвртфинале:

Астон Вила – Болоња 4-0 (прв натпревар 1-3)
Нотингем Форест – Порто 1-0 (прв натпревар 1-1)
Бетис – Брага 2-4 (прв натпревар 1-1)
Селта – Фрајбург 1-3 (прв натпревар 0-3)

Полуфинални двојки:

Астон Вила – Нотингем Форест
Брага – Фрајбург

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...