Пркосното враќање на Мурињо – се сокри од сите на „Сантијаго Бернабеу“

Жозе Мурињо го одбележа своето враќање во Реал Мадрид по 4.652 дена со потег што е типичен за него - пркосен чин во кој ги избегнуваше медиумите и јавноста, пишува „Дејли Меил“

Прегледи:

Датум:

Жозе Мурињо го одбележа своето враќање во Реал Мадрид по 4.652 дена со потег што е типичен за него – пркосен чин во кој ги избегнуваше медиумите и јавноста, пишува „Дејли Меил“. Тренерот на Бенфика, кој беше суспендиран од клупата поради црвен картон во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите, не го гледаше реваншот од своето одредено место на трибините, туку се скри на мистериозна локација.

Наместо очекуваните средби и поздрави со навивачите, Мурињо го гледаше целиот натпревар, во кој неговиот тим беше поразен со 2-1 и елиминиран со вкупен резултат 3-1, од автобусот на тимот.

Според шпанска Марка, Португалецот ги изненади сите, особено триесетината новинари кои го чекаа на осмиот кат од стадионот, очекувајќи да се појави во неговата доделена ложа. УЕФА наводно дури и забраниле снимање на 63-годишниот тренер, но дури ни тоа не успеа да го намами да излезе од скривницата.

Самиот натпревар не му беше пријатен за гледање. Иако Рафа Силва рано ѝ донесе водство на Бенфика, домаќините брзо израмнија преку Аурелиен Чуамени, пред Винисиус Жуниор да го постигне победничкиот гол во второто полувреме и да го испрати Реал во следната фаза.

Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година. Тој ја освои титулата во шпанското првенство, Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...