Хап: Берокал имплементираше добри стратегии за играта, треба да ги следиме неговите упатства

Американецот, кој е дел до шпански Бургос, смета дека Македонија има навистина добри таленти.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Етан Хап, пред дуелот со Луксембург во претквалификациите за пласман на ЕП 2029 изјави дека е среќен што се враќа во репрезентацијата и дека гледа некои познати ликови од последниот пат кога настапуваше за „црвено-жолтите“.

Американецот, кој е дел до шпански Бургос, смета дека Македонија има навистина добри таленти.

Со оглед на тоа дека долги години е дела од најсилната шпанска лига Хап е запознаен со тоа како работи новиот предводник на селекцијата, Жозеп Марија Берокал.

„Очигледно, тренерот е нов, и тој е шпански тренер. Знам за него и тој знае за мене. И досега имплементираше неколку добри работи и стратегии за играта. Кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, мислам дека тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и следиме неговите упатства. Тимовите се тие со кои играме, веројатно и ќе се променат и ќе го сменат стилот. Но сега е многу поважно да се подобриме фокусирајќи се на тоа како сакаме да играме и потоа за играта, да знаеш дека си спремен да дадеш 100% од себе“ – изјави за КФСМ Американецот со македонски пасош.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...