Роналдо го бојкотира денешното големо дерби, челниците на саудиската лига му објасниле како се доведуваат засилувањата

Кристијано Роналдо ќе го пропушти вториот натпревар по ред против Ал-Итихад денес во знак на протест против начинот на кој Саудискиот фонд за јавни инвестиции (PIF) се однесува кон клубовите во рамките на Саудиската професионална лига, која сепак даде изјава.

0
6

Кристијано Роналдо ќе го пропушти вториот натпревар по ред против Ал-Итихад денес во знак на протест против начинот на кој Саудискиот фонд за јавни инвестиции (PIF) се однесува кон клубовите во рамките на Саудиската професионална лига, која сепак даде изјава.

Роналдо верува дека ривалските клубови се фаворизирани, особено во однос на трансферите, додека неговиот Ал-Наср е во неповолна позиција.

Официјалното раководство на Саудиската професионална лига, исто така, реагираше на неговата одлука, нагласувајќи во соопштение дека сите клубови работат според истите правила.

„Саудиската професионална лига се базира на едноставен принцип: секој клуб работи независно, според истите правила. Клубовите имаат свои одбори, директори и спортски менаџмент. Одлуките за засилувањата, трошоците и стратегијата ги донесуваат тие, во рамките на финансиска рамка дизајнирана да обезбеди одржливост и конкурентска рамнотежа. Оваа рамка важи подеднакво за целата лига“, се вели во соопштението.

Понатаму се наведува дека Роналдо е целосно посветен на Ал-Наср од неговото доаѓање, но дека ниту еден поединец, без оглед на статусот, не може да донесува одлуки надвор од рамките на сопствениот клуб.

„Од неговото доаѓање, Кристијано одигра клучна улога во растот и амбициите на Ал-Наср. Како и секој врвен играч, тој сака да победува. Сепак, неодамнешните трансфери ја покажуваат независноста на клубовите – секое засилување е резултат на клупските одлуки, донесени во рамките на одобрените финансиски параметри“, се додава.

Раководството на лигата, исто така, нагласи дека конкурентноста на првенството е потврдена од резултатите, со оглед на тоа што само неколку бода ги делат првите четири екипи, што ја прави борбата за титулата исклучително неизвесна.

Роналдо е разочаран од начинот на кој PIF управува со Ал-Наср во споредба со другите клубови под истиот фонд, за кои смета дека имаат попривилегиран статус. Неговото незадоволство е насочено токму кон PIF, кој исто така управува со неговиот клуб.