Атаман ги откри првите информации за повредата на Лесор

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, коментираше за здравствената состојба на Матијас Лесор по вториот натпревар од финалната серија на грчкото првенство против Олимпијакос.

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, коментираше за здравствената состојба на Матијас Лесор по вториот натпревар од финалната серија на грчкото првенство против Олимпијакос.

Францускиот центар ги загрижи навивачите на Панатинаикос поради проблеми со повреда во финалето од натпреварот, но турскиот стручњак верува дека нема причина за паника.

„Всушност, мислам дека се само грчеви кога е во прашање Лесор. Не е ни чудо, тој даде апсолутно се од себе на натпреварот. Верувам дека не е ништо сериозно“, рече Атаман.

Тој зборуваше и за капитенот Костас Слукас, чиј настап во остатокот од серијата сè уште не е сосема сигурен.

„Ситуацијата на Слукас? Не знам, само тој знае дали може да игра на следните натпревари. Тој е лидер на тимот, сигурен сум дека ќе игра кога ќе се чувствува добро“, нагласи трикратниот освојувач на Евролигата.

Панатинаикос успеа да ја израмни серијата на 1:1 со победа од 68:58, па следниот натпревар ќе биде од големо значење во борбата за титулата грчки шампион.

Третиот натпревар од финалето ќе се игра во понеделник во 20:00 часот во Салата за мир и пријателство, дом на Олимпијакос, каде што еден од тимовите ќе направи важен чекор кон трофејот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...