Галинари и Гасол ја поддржуваат НБА Европа

Вревата за НБА Европа станува сè погласна, а таа дефинитивно ќе стартува во 2027 година. Ги слушнавме најновите информации од заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум, а играчи кои играле и во Европа и во Америка исто така се изјаснуваат сè почесто

Прегледи:

Датум:

Вревата за НБА Европа станува сè погласна, а таа дефинитивно ќе стартува во 2027 година. Ги слушнавме најновите информации од заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум, а играчи кои играле и во Европа и во Америка исто така се изјаснуваат сè почесто.

Еден од многуте што го изрази своето мислење за новиот проект е Данило Галинари. Легендарниот италијански кошаркар во интервју за „Кориере дела Сера“ нагласи дека има позитивно мислење за новиот проект.

„Ми се допаѓа проектот НБА Европа и едвај чекам да оживее. Квалитетот на европската кошарка е толку висок, но ни треба систем што функционира. Играта, навивачите, полните сали, сето тоа е одлично, но додека во НБА односот е 50 проценти кошарка, 50 проценти бизнис, во Европа односот е 80 проценти кошарка и 20 проценти бизнис. НБА може да помогне во подобрувањето на тој однос“, рече поранешниот член на Денвер Нагетс.

Јутјуб/Принтскрин/Denver Nuggets

Италијанецот, иако моментално работи како аналитичар, не ја исклучил можноста за соработка со НБА Европа во иднина.

„Би сакал. Не е лесно со оглед на тоа што сум во Америка, но размислувам за тоа. Би било одлично да имаме една или две италијански франшизи, во Рим и Милано. Миланo би бил уште подобар од очигледни причини“.

Галинари не е единствениот што ја даде својата поддршка на НБА Европа, бидејќи истото го направи и Пау Гасол.

„Европската кошарка има можност да продолжи да цвета. Европа има традиција и страст за кошарката, а ако на тоа го додадеме и ресурсот што го има НБА со структура и економски одржлив план, тогаш потенцијалот е огромен. Учествувам во разговорите, како медијатор, но мој приоритет е работата што ја работам сега, а тоа е со Меѓународниот олимписки комитет“, изјави поранешниот НБА ас за шпански АС.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...