Јанис објави: Го напуштам Милвоки – да зависеше од мене, веќе ќе бев во друг тим

Во тековната сезона, Антетокунмпо има просек од 28 поени, 10 скока и 5 асистенции по натпревар, а Лос Анџелес Лејкерс веќе се промовираа како прв кандидат да го доведат

Прегледи:

Датум:

Еден од најдобрите играчи во НБА, Јанис Антетокумпо синоќа ги фрли во очај навивачите на Милвоки – Гркот ќе ги напушти Бакс на крајот од сезоната.

Во изјава за грчката „Космоте ТВ“, Јанис потврди дека љубовта меѓу него и клубот каде што ја помина целата своја НБА кариера е „скршена“.

„Да зависеше од мене, веќе ќе бев во друг тим. Следното лето, сè ќе биде во мои раце, кога ќе бидам слободен агент, ќе го напуштам Милвоки“, рече Јанис.

Со ова, тој јасно испрати порака дека сака размена во текот на следната сезона, а со оглед на тоа што неговиот договор истекува во летото 2027 година, јасно е дека Бакс мора да направат размена за да не го изгубат бесплатно.

Во тековната сезона, Антетокунмпо има просек од 28 поени, 10 скока и 5 асистенции по натпревар, а Лос Анџелес Лејкерс веќе се промовираа како прв кандидат да го доведат.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...