Алегри жестоко го нападна Фабрегас: „Ти си шу*ак, глупак кој вчера стана тренер“

Конфликтот започна во 80-тата минута кога Фабрегас го повлече играчот на Милан, Алексис Салемакерс кога се спремаше да изведе слободен удар по фаул за домашниот тим

Прегледи:

Датум:

Милан синоќа ремизираше со Комо (1:1) на „Сан Сиро“ во дербито на Серија „А“, а главна тема по натпреварот е жестокиот вербален напад од страна на домашниот тренер Масимилијано Алегри врз неговиот колега од другата страна, Сеск Фабрегас.

Конфликтот започна во 80-тата минута кога Фабрегас го повлече играчот на Милан, Алексис Салемакерс кога се спремаше да изведе слободен удар по фаул за домашниот тим.

Потоа разбеснетиот Алегри го нападна Фабрегас, за што на крајот заработи исклучување, додека гостинскиот тренер не доби никаква казна.

Алегри пред телевизиските камери на теренот по натпреварот изјави дека тренер не треба да го прави тоа, додека Фабрегас јавно се извини на истото место.

Сепак, кога Фабрегас ја напушташе прес-конференцијата, каде што уште еднаш се извини, се сретна со Алегри кој дојде да се обрати на јавноста.

Италијанските новинари сведочат дека тренерот на Милан жповторно жестоко го нападнал својот колега.

„Ти си шу*ак, глупак кој вчера стана тренер“, грмел Алегри, како што објави „Тутомеркато“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...