Отпуштен човекот кој објави дека Леброн потпишал за Мајами Хит

Додека се чека одлуката на Леброн Џејмс каде да ја продолжи својата НБА кариера по напуштањето на Лос Анџелес Лејкерс, вчера, на официјалниот YouTube канал на Мајами Хит се појави информација како гром од ведро небо

Прегледи:

Датум:

Додека се чека одлуката на Леброн Џејмс каде да ја продолжи својата НБА кариера по напуштањето на Лос Анџелес Лејкерс, вчера, на официјалниот YouTube канал на Мајами Хит се појави информација како гром од ведро небо.

Имено, се појави најава за пренос во живо закажан за 27 јули, а настанот беше насловен како прес-конференција за претставување на Леброн Џејмс.

Откако веста се прошири како пожар низ САД, раководството на Мајами брзо го смени насловот на објавата во „тест“, а потоа го направи видеото приватно, но не пред бројните корисници да ја снимат оригиналната содржина.

Мајами не сакаше да коментира што се случило, но корисниците на интернет брзо „собраа два и два“.

Имено, на Linkedin, кратко по контроверзната објава на YouTube, Мајами Хит објави оглас за позицијата директор за YouTube стратегија, што јасно имплицира дека лицето кое „открило“ дека Џејмс доаѓа во Хит е отпуштено.

За многу кратко време, повеќе од 100 луѓе се пријавија на огласот, а многу наскоро ќе видиме дали Леброн повторно ќе го носи дресот на Мајами, со кој веќе освои две шампионски титули.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Голден Стејт бара начини да се раздели со Порзингис

Голден Стејт Вориорс бараат начини да се разделат од...

Барцокас за истрагата за поткуп и наместени натпревари во Грција: „Откритијата се шокантни…“

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, потврди дека грчкиот клуб...

Клоп: Сè уште не можам да се помирам со смртта на Жота

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, сподели интимни спомени...

Историска финансиска инјекција за Баерн: 250 милиони евра за 6,7% од акциите на клубот

Германскиот индустриски гигант Viessmann Generations Group (VGG) ќе инвестира...