📽️ Цепак: Ќе дадам сè од себе за да ја претставам Македонија со гордост

Младата и талентирана борачка Изабела Цепак официјално станува дел од македонското спортско семејство и ќе ги брани боите на Македонија во борење на претстојните меѓународни натпреварувања, соопшти денеска Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

Прегледи:

Датум:

Младата и талентирана борачка Изабела Цепак официјално станува дел од македонското спортско семејство и ќе ги брани боите на Македонија во борење на претстојните меѓународни натпреварувања, соопшти денеска Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

Таа доаѓа со одлично искуство и забележителни резултати од САД, каде што настапувајќи за средното училиште „Саут Лајон Ист“ во Мичиген забележа импресивна сезона со 33 победи – од кои дури 29 со туш.

Нејзиниот квалитет е потврден и со бројните државни и регионални признанија кои ги освои минатата година, вклучувајќи државно првенство во Мичиген (прво место) и второ место на национален турнир.

Во своето прво официјално интервју, Цепак ги истакна своите високи амбиции и посветеноста кон остварување врвни резултати.

Таа потенцираше дека нејзиниот фокус е ставен на интензивните технички и кондициски тренинзи, како и на менталната подготовка, дисциплината и превенцијата од повреди со цел остварување на јасните краткорочни и долгорочни цели.

„Со нетрпение очекувам нови предизвици и медали под македонското знаме. Ќе дадам сè од себе за да ја претставам Македонија со гордост,“ изјави Цепак, изразувајќи голема благодарност до тренерскиот тим и навивачите за поддршката.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...