ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши трката во слалом

Македонската претставничка Јана Атанасовска не успеа да ја совлада патеката во денешниот слалом на Зимските олимписки игри „Милано-Кортина 2026“.

Прегледи:

Датум:

Македонската претставничка Јана Атанасовска не успеа да ја совлада патеката во денешниот слалом на Зимските олимписки игри „Милано-Кортина 2026“.

По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Атанасовска направи грешка на самиот старт од првото возење, со што предвреме го заврши своето учество на овие Олимписки игри и нема да настапи во втората трка.

„Иако очекувањата беа големи, неискуството и преголемата желба за успех на најголемата спортска сцена беа пресудни овојпат. Олимписките игри носат огромен притисок, а денешниот настап е само уште еден чекор во градењето на кариерата на нашата надежна скијачка“, стои во соопштението на МОК.

По денешниот епилог, завршија настапите на ЗОИ 2026 за македонските натпреварувачи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...