Лазаров: Создадовме производ кој ќе ја прави горда Македонија

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров им честиташе на ракометарите за убедливиот триумф против Словачка од 15 гола разлика, и порача дека тоа „не се постигнува туку-така“.

Прегледи:

Датум:

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров им честиташе на ракометарите за убедливиот триумф против Словачка од 15 гола разлика, и порача дека тоа „не се постигнува туку-така“.

„Мора да бидеме задоволни без разлика на нивото на ривалот Словачка. Презадоволен сум од пристапот на двата натпревара од сите играчи. Во претходните година и пол успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг, дисциплинирани се, не е важно кој е најдобар важно е да победуваме. Се мачевме многу да дојдеме до ова, и сега мора да го задржиме тоа“, истакна Лазаров по мечот.

Истакна дека играчите растат со македонската лига, во нивните клубови, како и дека со квалитетни натпревари добиваат на искуство.

„Откако јас сум селектор, ова е шесто големо натпреварување во низа, со 99% променета генерација од претходно. Тој процес треба да се истрпи, а ние успеавме во тој период со стручниот штаб, со РФМ, со медиумите, да опстанеме на големата сцена и да создадеме производ кој ќе ја прави горда Македонија во следната деценија“, рече Лазаров.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...