ЛЕ: Монпелје е во лоша форма, дали Вардар ќе ја искористи ситуацијата?

Домашниот пораз од Екс со 29:33 покажа дека формата на двократниот победник на Лигата на шампионите во ЕХФ е во надолна линија, а последниот удар може да го зададе македонскиот шампион

Прегледи:

Датум:

Најлошата сезона во изминатите неколку години може да се покрие со добар настап во Лигата на Европа, а Вардар му стои на патот на француски Монпелје. Екипата на тренерот Ерик Мате е надвор од форма, со само 35 бода и загрозено трето место, кое е доведено во прашање и од Лимож и Шамбери, и далеку зад водечката двојка ПСЖ и Нант. Домашниот пораз од Екс со 29:33 покажа дека формата на двократниот победник на Лигата на шампионите во ЕХФ е во надолна линија, а последниот удар може да го зададе македонскиот шампион.

Традицијата е на страната на тимот од Скопје, кој во девет претходни натпревари има шест победи, двапати е поразен, а има и еден нерешен резултат. Секако, сите натпревари се поврзани со златната ера на „црвено-црните“ од последната деценија, а последниот судир беше во 2020 година.

Од друга страна, Вардар има само три порази оваа сезона. Хрватскиот тренер на тимот, Иван Чупиќ досег се покажа одлично, Купот е освоен, тука е и титулата, го врати тимот во Лигата на шампионите на ЕХФ следната сезона, но Монпелје е сè уште силен и фаворит на хартија.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа на ЕХФ ќе се игра вечерва во 20:45 часот во Франција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...