📽️ Лига Европа: Вардар прегазен од Монпелје

Ракометарите на Вардар доживеаја убедлив пораз од Монпелје со 33:23 (12:10) во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа.

Прегледи:

Датум:

Ракометарите на Вардар доживеаја убедлив пораз од Монпелје со 33:23 (12:10) во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа.

Тимот на Иван Чупиќ одигра слаб меч, беше рамноправен само во првите неколку минути, а потоа домаќините ги презедоа работите во свои раце и на полувреме водеа со плус 2.

Клучен за мечот беше стартот на второто полувреме, кога француската екипа направи серија од 7-1 за 19:11 што се покажа како недостижна предност за „црвено-црните“.

Вилемон и Дос Сантош кај Монпелје постигнаа по 6 голови, а кај Вардар Урош Митровиќ и Жоао Педро Франциско да Силва беа стрелци на 6 голови.

Вреди да се напомене дека „црвено-црните“ на овој натпревар настапија без повредените Дмитро Горига и Јака Малус, што се покажа како голем недостаток за скопскиот тим.

Реванш дуелот се игра на 5.мај во Скопје.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...