Организаторите на ЗОИ ветуваат дека ќе ги поправат скршените медали

Организацискиот комитет веднаш започна истрага со ковницата што ги произведува медалите. Преземаме чекори за да ги поправиме. Спортистите треба да не контактираат доколку нивните медали се скршени, можат да ги вратат и ние ќе ги поправиме“, додаде тој.

0
2
Фото: Принтскрин/The Australian

Организацискиот комитет на Олимписките игри Милано-Кортина ќе ги поправи дефектите на медалите, изјави на прес-конференција Лука Касаса, директор за комуникации на Игрите.

„Сакам да го разјаснам прашањето во врска со медалите – ограничен број од нив имаа проблеми. Организацискиот комитет веднаш започна истрага со ковницата што ги произведува медалите. Преземаме чекори за да ги поправиме. Спортистите треба да не контактираат доколку нивните медали се скршени, можат да ги вратат и ние ќе ги поправиме“, додаде тој.

Медалите за Игрите Милано-Кортина се направени од рециклиран метал добиен од отпад. Неколку од медалистките на натпреварите се пожалија на лошиот квалитет на наградите. Еден од првите што го објави проблемот беше шампионот во спуст Бризи Џонсон (САД).