📸АТП ги налути играчите со понуда: 5.000 евра за евакуација од Емирати!

Конфликтите на Блискиот Исток влијаеја на голем број тенисери, особено на оние што се натпреваруваат на Фуџаира Опен.

Прегледи:

Датум:

Конфликтите на Блискиот Исток влијаеја на голем број тенисери, особено на оние што се натпреваруваат на Фуџаира Опен.

Челенџерот во Обединетите Арапски Емирати беше широко дебатиран во последните денови, откако тенисери беа снимени како бегаат од теренот во паника поради експлозии во близина.

Како што објавија организаторите, турнирот беше откажан поради војната.

Тенисерите се најдоа во тешка ситуација, а Илја Ивашка откри што им било понудено како решение.

Имено, Белорусинот јавно ја сподели е-поштата што им беше испратена.

„Драги играчи,

Двата турнири тука се официјално откажани. АТП потенцијално би можел да организира чартер лет во четврток, 5 март, од Мускат. Летот би полетал во 15 часот за Милано, со попатна станица во Египет. Цената е 5.000 евра по лице. Доколку некој е заинтересиран, ве молам испратете ми порака. Ви благодарам на сите за вашето трпение и разбирање. Ви посакуваме безбедно патување!“

Ивашка додаде и краток коментар:

„Зборови не се потребни“.

За потсетување, АТП претходно објави дека околу 40 тенисери, судии, помошен персонал и новинари останале во Дубаи по завршувањето на турнирот од серијата 500.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...