Фернандеш не потпишува нов договор – сè ќе зависи од два фактори

Бруно Фернандеш сè уште не ја знае својата судбина. Јунајтед има договор со португалскиот фудбалер до 2028 година, а преговорите за нов договор се во тек

Прегледи:

Датум:

Бруно Фернандеш сè уште не ја знае својата судбина. Јунајтед има договор со португалскиот фудбалер до 2028 година, а преговорите за нов договор се во тек. Сепак, сè уште нема индикации дали наскоро ќе се постигне договор за продолжување.

Португалецот е најдобриот фудбалер на клубот на „Олд Трафорд“, неговиот квалитет воопшто не е доведен во прашање, но проблемот е нешто друго.

Манчестер добива нереално високи понуди од Саудиска Арабија, на кои е тешко да се одолее, па затоа сè се зема предвид.

Јунајтед наводно му нуди на Португалецот 400.000 фунти неделно, но тој ќе почека со конечната одлука.

Сè ќе зависи од два фактори, првиот е дали Манчестер Јунајтед ќе се квалификува за Лигата на шампионите, а вториот е дали Мајкл Карик ќе остане на клупата на овој клуб по завршувањето на оваа сезона.

Доколку случајно остане, шансите Бруно да остане во клубот нагло ќе се зголемат, пишуваат англиските медиуми.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...