Шкотска победи со 2:0 против Македонија како гостин во третото коло од Групата 1 Б дивизија од Лигата на нации на УЕФА. Головите беа дело на Бови во седмата и МекГин од пенал во 70-тата.
Македонија не успеа да постигне гол и во седми последователен натпревар, откако Шкотска доминираше во Скопје во текот на целиот натпревар.
Нашата репрезентација очигледно е во голема криза, откако помина 11 натпревари без победа, од кои последниот беше во септември 2025 година против Лихтенштајн (5-0) во квалификациите за Светското првенство.


