🎬📸 Трамп и ѕвездите на UFC го претставија специјалниот појас за UFC Freedom 250 во Белата куќа

Историскиот турнир ќе има уникатен шампионски појас - само втор ваков во историјата на UFC

Прегледи:

Датум:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и главните ѕвезди на претстојниот турнир UFC Freedom 250 се сретнаа денес во Овалната соба на Белата куќа, каде што официјално го претставија специјалниот шампионски појас за настанот.

За време на прес-конференцијата, беше прикажан уникатниот дизајн на појасот, кој ќе им биде доделен на победниците од шампионските борби на гала вечерта.

Настанот дополнително го нагласи историскиот карактер на UFC Freedom 250, кој се очекува да се одржи во привремена арена пред Белата куќа и веќе се рекламира како едно од најголемите шоуа во историјата на организацијата.

Интересен факт е дека ова е само вториот специјален шампионски појас некогаш создаден од UFC.

Првиот ваков појас беше направен за UFC Noche во 2023 година – настан посветен на мексиканската култура. Тогаш појасот го освои Алекса Грасо, која ја задржа титулата по нерешениот резултат против Валентина Шевченко.

Новиот појас за UFC Freedom 250 е инспириран од американскиот симболизам и патриотската тема на настанот, кој е организиран со активна поддршка на Доналд Трамп и неговата администрација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо се дистанцира од „видеото“ на Реал Мадрид

Португалското издание „Рекорд“ објави дека Жозе Мурињо контактирал со...

📸Може ли Пеле да го надмине Марадона? Дресот на легендарниот Бразилец оди на аукција

Дресот што го носел еден од најголемите фудбалери во...