Дастин Поариер изгубил важен спонзор по апсењето

Дастин Поариер сè уште се справува со потенцијалните правни последици од неговото апсење, но финансиските загуби се веќе факт. Според Поариер, неговиот главен спонзор „Бад Лајт“ веднаш го прекинал деловниот однос со него по неговото апсење на 21 јуни на меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта

Прегледи:

Датум:

Дастин Поариер сè уште се справува со потенцијалните правни последици од неговото апсење, но финансиските загуби се веќе факт. Според Поариер, неговиот главен спонзор „Бад Лајт“ веднаш го прекинал деловниот однос со него по неговото апсење на 21 јуни на меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта.

„Тие веднаш го прекинаа мојот договор“, рече Поариер во шоуто на Ариел Хелвани. „…Во ред е, човече. Не ми треба овој е*ан отров во мојот живот. … Штета што моето семејство ги губи парите што им останале од договорот со нив, што беше неколку стотици илјади долари. Но, исто така, ако претставувам нешто и промовирам нешто од кое нема да бидам дел и да го промовирам… како и да е.“

Поарие, 37, откри дека имал постојана борба со алкохолот, истакнувајќи дека проблемот повторно се разгорел откако неговата натпреварувачка кариера завршила во јули 2025 година. Поарие рече дека побарал помош по апсењето и се извинил за инцидентот, за време на кој навредувал стјуардеси и го предизвикувал полицаецот што реагирал.

„Има многу луѓе кои пијат одговорно“, рече Поарие. „Јас не сум еден од нив. Ако можете да пиете одговорно, забавувајте се. Пијте Бад Лајт. Пијте што сакате. Бидете одговорни. Забавувајте се. Јас не сум таков човек.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Енрике: Ги имам најдобрите играчи во светот

По импресивната победа од 4-2 над Барселона во Лигата...

Флик по поразот од ПСЖ: Не сакам да бидам негативен, натпреварот беше вредно искуство

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, претпочиташе да извлече позитивни...

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...