Квалификации за ЛК: Вардар поразен од Рига во Скопје

Вардар и ФК Рига синоќа одиграа ефикасен натпревар во квалификациите за Конференциската лига. Гостите од Латвија забележаа успех од 3:2 и ги зголемија своите шанси за пласман во следната рунда

Прегледи:

Датум:

Вардар и ФК Рига синоќа одиграа ефикасен натпревар во квалификациите за Конференциската лига. Гостите од Латвија забележаа успех од 3:2 и ги зголемија своите шанси за пласман во следната рунда.

Вардар поведе во 28-та минута со голот на Диего Кастанеда, но гостите го свртеа резултатот пред полувремето со головите на Орландо Гало (35′) и Јаго Сикеира (39′).

Во 66-та минута, новото засилување на „црвено-црните“, Герсон Родригез, го врати изедначувањето. Репрезентативецот на Луксембург постигна гол по асистенција од искусниот Горан Закариќ.

Последниот збор му припадна на ФК Рига. Во 81-та минута, Андрес Салазар брзо се проби и му додаде на резервистот Реџиналдо Рамирез, кој го обликуваше конечниот резултат.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Форбс“: Роналдо надмина 2 милијарди долари заработка, првпат во спортската историја

Кристијано Роналдо повторно е на врвот на листата на...

📷 Меси се врати во Шпанија, ја доби наградата „Принцеза од Астурија“

Лионел Меси пристигна во шпанскиот регион Астурија, каде што...

Интервју со Ристовски: Голем дел од спортистите во Македонија сè уште немаат финансиска сигурност

Да бидеме реални, голем дел од спортистите во Македонија...

„Добро е што Винисиус е тажен…“: Неочекуван став на Мбапе за проблемите на Бразилецот

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, изјави дека е...