Џо Роган ја критикува идејата на UFC за одржување на настан пред Белата куќа

Коментаторот предупредува дека топлината и условите на отворено би можеле сериозно да влијаат на борците

Прегледи:

Датум:

Популарниот коментатор и водител на поткаст, Џо Роган, изрази сериозни резерви во врска со плановите на UFC да одржи гала на отворено пред Белата куќа. Според него, таков настан носи премногу ризици за борците поради невозможноста за контрола на условите.

„Воопшто не ми се допаѓа идејата за борби на отворено. Има премногу проблеми поврзани со тоа“, рече Роган.

Тој ги наведе високите температури во Вашингтон во текот на летните месеци како голем проблем и даде конкретен пример за временските услови минатата година.

„Минатиот јуни, проверивме како беше во Вашингтон – тој ден температурата беше 38 степени. Беше ептен жешко.“

Според Роган, борбите од ваков обем, особено шампионските борби, не треба да се одржуваат во средина каде што фактори како топлина, влажност или ветер можат директно да влијаат на перформансите.

„Едноставно не мислам дека треба да се натпреварувате во борба за светска титула во неконтролирана средина. Треба да биде во климатизирана сала“, додаде тој.

Коментаторот дури предложи и алтернативно решение – UFC да инвестира во помала, модерна затворена арена, специјално дизајнирана за толку големи настани.

„Изградете е*ан покрив. Ги имате сите пари на светот, нели? Го правите ова за 4.000 седишта? Па изградете сала со 4.000 седишта.“

Роган нагласи дека екстремните временски услови можат да имаат вистинско влијание врз развојот на борбата, па дури и врз конечниот резултат.

„Замислете некој да изгуби борба затоа што надвор било премногу жешко.“

Плановите за потенцијален настан на UFC пред Белата куќа продолжуваат да предизвикуваат жестока дебата меѓу навивачите и аналитичарите, а коментарите на Роган само ја поттикнаа дебатата за тоа дали таквата сцена би била импресивен спектакл – или преголем ризик за борците.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...