Нејт Дијаз: „Кога не се борам, чувствувам како нешто да не е во ред“

ММА легендата очекува борбата со Мајк Пери да му даде чувство на нормалност

Прегледи:

Датум:

Нејт Дијаз призна дека неговото враќање во ММА оваа недела е нешто што му е потребно не само како спортист, туку и како личност. Поранешната ѕвезда на Ultimate Fighting Championship ќе се соочи со Мајк Пери на ко-главниот настан на дебитантската ММА гала на Most Valuable Promotions, која ќе се одржи во Intuit Dome и ќе се емитува на Netflix.

Дијаз не учествувал во ММА борба речиси четири години. Неговата последна борба беше во септември 2022 година, кога го победи Тони Фергусон со „сабмишн“ во главниот настан на UFC 279.

Американецот оттогаш имаше два боксерски натпревари – пораз од Џејк Пол и победа над Хорхе Масвидал – но признава дека му недостига ММА.

„Кога не се борам, чувствувам како да правам нешто погрешно“, изјави Дијаз за медиумите. „Тоа е целиот мој живот. Се борам од моите 15, 16 години, уште од кога бев аматер. Во животот сум се борел повеќе отколку што не сум се борел. Кога не се натпреварувам, не чувствувам дека го правам она што треба. Не се чувствувам добро. Време е за борба. Време е за натпреварување.“

Дијаз додаде дека ја цени можноста да се врати на толку голема сцена.

„Навистина е кул што се појавуваат нови работи, особено Netflix – најголемата и најдобрата платформа. Немав намера да правам ништо помалку од она на што сум навикнат.“

И покрај очекувањата за тензии меѓу него и Пери, Дијаз нагласи дека нема намера да создава вештачки конфликт.

„Секогаш можеше да започне караница, но не го направи тоа. Ни јас немам проблем со него, а никогаш и немав. Луѓето очекуваат драма поради моите последни борби, но јас сум спортист и професионалец. Ако некој сака проблеми, ќе ги добие. Но, јас не ги барам.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...