Претседателот на САД, Доналд Трамп, и главните ѕвезди на претстојниот турнир UFC Freedom 250 се сретнаа денес во Овалната соба на Белата куќа, каде што официјално го претставија специјалниот шампионски појас за настанот.
За време на прес-конференцијата, беше прикажан уникатниот дизајн на појасот, кој ќе им биде доделен на победниците од шампионските борби на гала вечерта.
Gearing up for battle on the South Lawn. 👊🇺🇸
President Trump meets with Alex Pereira, Ilia Topuria, Justin Gaethje and Ciryl Gane in the Oval Office ahead of their fights at UFC Freedom 250 in June. pic.twitter.com/DsPcYiGM1o
— The White House (@WhiteHouse) May 6, 2026
Настанот дополнително го нагласи историскиот карактер на UFC Freedom 250, кој се очекува да се одржи во привремена арена пред Белата куќа и веќе се рекламира како едно од најголемите шоуа во историјата на организацијата.
Интересен факт е дека ова е само вториот специјален шампионски појас некогаш создаден од UFC.
Првиот ваков појас беше направен за UFC Noche во 2023 година – настан посветен на мексиканската култура. Тогаш појасот го освои Алекса Грасо, која ја задржа титулата по нерешениот резултат против Валентина Шевченко.
Новиот појас за UFC Freedom 250 е инспириран од американскиот симболизам и патриотската тема на настанот, кој е организиран со активна поддршка на Доналд Трамп и неговата администрација.


