📽️Алкараз купи јахта вредна 10 милиони долари!

Светскиот рекет број еден во светот, Карлос Алкараз, стана сопственик на луксузната јахта „Sunreef Ultima 88“, произведена од познатата полска компанија „Sunreef Yachts“

Прегледи:

Датум:

Светскиот рекет број еден во светот, Карлос Алкараз, стана сопственик на луксузната јахта „Sunreef Ultima 88“, произведена од познатата полска компанија „Sunreef Yachts“.

За оваа импресивна набавка, младиот шпански тенисер потрошил приближно 10 милиони долари.

Јахтата е долга 27 метри и е опремена со простран салон, хидраулична платформа и странични тераси што се спуштаат, идеални за водни спортови. Внатрешноста има четири кабини, две бањи, кујна и две дневни соби, додека главната кабина има и голема бања со џакузи.

Во изјава за „Super Yacht Times“, Алкараз ја објасни својата одлука.

„Сфатив колку уживам да бидам на брод. Живеам близу морето и климата ми одговара. Со оглед на мојот зафатен натпреварувачки распоред, ми треба место каде што можам да се исклучам и да се одморам од тенисот. Ова е совршено за мене, бидејќи можам да се забавувам и да се релаксирам во исто време“, истакна тој.

Интересно е што тој добил препорака за купувањето од неговиот сонародник и тениска легенда, Рафаел Надал, кој исто така поседува јахта од истиот производител.

„Рафа Надал ми даде неколку предлози. Сè е навистина импресивно, дури и подобро отколку што можев да замислам. Секогаш кога сум дома или на одмор, сакам да уживам во морето. Тоа ми го препорача Рафа“, откри Алкараз.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...