Љул сака да заокружи „20-ка“ во Реал: „Веќе не сум млад, но…“

Легендарниот кошаркар на Реал Мадрид, Серхио Љул игра за мадридскиот тим веќе 19 години и се надева дека следната сезона ќе добие шанса да го заокружи својот престој во главниот град на две децении

Прегледи:

Датум:

Легендарниот кошаркар на Реал Мадрид, Серхио Љул игра за мадридскиот тим веќе 19 години и се надева дека следната сезона ќе добие шанса да го заокружи својот престој во главниот град на две децении.

Шпанскиот шутер ја доби наградата за најкорисен играч на Евролигата во 2017 година, но брзо ги скина предните вкрстени лигаменти и ги доживеа најтешките моменти во кариерата. Откако се опорави, не ги бележи истите бројки, но во изминатите неколку сезони одигра многу важна улога во „кралскиот клуб“.

Го носел белиот дрес 1.226 пати, што го прави апсолутен рекордер. Тој е најдобар тројкаш во елитното натпреварување (706), но и шести стрелец (4.315) и асистент (1.530). Со „лос бланкос“ освои 29 трофеи, вклучувајќи три купа од Евролигата и девет купа од АЦБ лигата и Суперкупот во домашните рамки.

„Физички се чувствувам добро. Имам 38 години и веќе не сум млад, но сè уште ја имам истата желба и страст за кошарка како на првиот ден. Додека тоа не исчезне, ќе се обидам да играм и да уживам тука во Мадрид. Се надевам дека ќе ми понудат нов договор, за да можам да останам барем уште една година“, изјави бекот за „Ас“.

Снајперистот од Мајорка имаше можност да се испроба во НБА, но остана лојален на тимот што за него претставува сè во спортскиот сегмент од неговиот живот. Многу подоцна, тој тврди дека не се кае.

„Ќе беше добро време да си заминам. Семејството не беше фактор, немав деца, ниту бев во брак во тоа време. Се чувствував навистина сакан во Мадрид, сакав да се борам за трофеи и затоа ја донесов таа одлука. Не знам што ќе се случеше, тешко е да се претпостави. Среќен сум што останав во Реал, иако со мојот стил на игра брзо ќе се адаптирав на НБА.“

Екипата на Серхио Скариоло, по шест победи во последните седум натпревари, е на третото место во Евролигата со резултат од 22-12.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...