📽️Луис Хамилтон ја официјализира својата врска со Ким Кардашијан?

Од почетокот на годината, на интернет кружат гласини дека седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е во врска со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Прегледи:

Датум:

Од почетокот на годината, на интернет кружат гласини дека седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е во врска со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Двајцата беа снимени на камера како го гледаат Супербоул LX заедно во Сан Франциско на почетокот на февруари. Оттогаш беа снимени заедно уште неколку пати, но досега ниту еден од нив не објави содржина со другиот на своите профили на социјалните мрежи.

Сепак, тоа се промени вчера кога Хамилтон објави видео на Инстаграм кое е снимено во Токио кон крајот на март.

Насловено е „Tokyo Drift Vol. III“, а на него Британецот е зад воланот на Ferrari F40.

Ким Кардашијан седи до него на совозачкото седиште, со што Хамилтон донекаде го официјализира фактот дека тој и Американката се заедно.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...