📸Беше втора тенисерка на светот, испадна од Топ 100, а наместо да настапува на Ролан Гарос, рекламира костими за капење 

Поранешната втора светска тенисерка, убавата Шпанка Паула Бадоса, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради одличните резултати на земја, туку поради провокативните фотографии што ги користи за промоција на својот нов бизнис

Прегледи:

Датум:

Поранешната втора светска тенисерка, убавата Шпанка Паула Бадоса, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради одличните резултати на земја, туку поради провокативните фотографии што ги користи за промоција на својот нов бизнис. Додека тенискиот свет се подготвува за спектаклот во Париз, Бадоса го замени рекетот за бикини.

Шпанската тенисерка ги искористи социјалните мрежи за да ја претстави својата линија костими за капење наречена „Sunaswim“. Позирајќи, Бадоса покажа дека е подеднакво добра како модел колку што е добра и на теренот, но фановите се повеќе загрижени за нејзината иднина во спортот отколку што се воодушевени од нејзините модни колекции.

Само неколку недели откако испадна од топ 100 на ВТА листата за прв пат по две години, пристигна уште полоша вест – Бадоса не е на списокот на учесници за квалификациите за Ролан Гарос. Иако сè уште нема официјална изјава, нејзиното отсуство од списокот јасно укажува дека нема да ја видиме Шпанката во Булоњската шума.

Ситуацијата е алармантна, особено имајќи ги предвид нејзините неодамнешни изјави во поткаст, каде што призна дека е на работ на својата сила.

– Искрено, не знам дали ќе одам во Париз. Ќе ви кажам една тајна, сè зависи исклучиво од мојата сила. Повеќе е ментално отколку физичко, бидејќи многу страдав физички – се довери Паула, која со години се бори со хронична повреда на грбот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...