ФИФА конечно откри колку ќе трае полувремето од финалето на Светското првенство

По неколкудневни шпекулации, ФИФА конечно откри колку ќе трае полувремето од финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во недела, 21 часот

Прегледи:

Датум:

По неколкудневни шпекулации, ФИФА конечно откри колку ќе трае полувремето од финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во недела, 21 часот.

Во последните неколку дена имаше информации дека паузата помеѓу двете полувремиња може да трае и до 25 или повеќе од 30 минути поради спектакуларната музичка програма. Сепак, светската фудбалска организација сега официјално ги негираше ваквите тврдења.

Како што објави „Марка“, ФИФА ги извести шпанската и аргентинската федерација дека полувремето ќе трае 17 минути, само две минути подолго од вообичаените 15.

Музичката програма, во која се очекува да настапат Шакира, Мадона и Џастин Бибер, ќе трае вкупно 11 минути. Останатите шест минути се планирани за поставување и симнување на сцената и полевање на тревникот.

ФИФА, исто така, потврди дека правилата за паузите за освежување нема да бидат променети. Поради високите температури, судијата, како и во претходниот дел од првенството, накратко ќе ја прекинува играта по еднаш во секое полувреме за да им овозможи на играчите да се освежат.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...