Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако ја елиминираа Барселона во четвртфиналето со вкупен резултат 3:2.
„Јорганџиите“ го прославија овој успех со низа провокативни објави на социјалните мрежи.
Тимот од Мадрид ја искористи можноста да се пошегува со Барселона.
Сè започна со објавување на меме со натпис „Ние токму сега“, по што споделија кратки пораки „добро“ и „како си“ со своите следбеници.
Објавата што предизвика најмногу реакции беше упатена кон младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.
— Atlético de Madrid (@Atleti) April 14, 2026
Да потсетиме, тој објави фотографија од себе со слушалки и очила во пресрет на натпреварот, имитирајќи ја познатата поза на Леброн Џејмс со која го најави пресвртот во Мадрид.
А сега доби одговор. Атлетико објави фотографија од Антоан Гризман, Адемола Лукман, Александар Серлот и Јулијан Алварез кои позираат на идентичен начин.
Последниот кадар на Атлетико беше меме во кој лавот од Барселона се претвора во куче и порака придружена со видео од прославата.
„Атлетико Мадрид. Повеќе од клуб“, напиша тимот од Мадрид, алудирајќи на познатото мото на Барселона „Mes que un club“.
Dame un grrr. pic.twitter.com/tErf1Hv6dr
— Atlético de Madrid (@Atleti) April 14, 2026
За потсетување, Атлетико Мадрид ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Топџиите“ го бранат водството од 1-0 од првиот натпревар вечерва.


