Двегодишна суспензија за македонските ракометни судии Начевски и Николов

Македонската ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија двегодишна суспензија од страна Европската куќа на ракометоит (ЕХФ) и парична казна поради наводна манипулација со фитнес тестовите пред стартот на Европското првенство

Прегледи:

Датум:

Македонската ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија двегодишна суспензија од страна Европската куќа на ракометоит (ЕХФ) и парична казна поради наводна манипулација со фитнес тестовите пред стартот на Европското првенство.

Суспензијата се однесува на сите натпреварувања што се под капата на ЕХФ.

„Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување. Секој судија мора да плати казна од 5.000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ. Жалба може да се поднесе до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена“, се вели во известувањето на ЕХФ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...