„Договорот на Инфантино со Трамп ја оцрни најголемата фудбалска сцена“

Потпретседателот на американскиот фудбал, Натан Голдберг Крение, ги нападна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и претседателот на САД, Доналд Трамп. Крение вели дека успехот на Светското првенство во Северна Америка е постигнат и покрај двајцата лидери

Прегледи:

Датум:

Потпретседателот на американскиот фудбал, Натан Голдберг Крение, ги нападна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и претседателот на САД, Доналд Трамп. Крение вели дека успехот на Светското првенство во Северна Америка е постигнат и покрај двајцата лидери.

Тој го обвини Инфантино дека го прави фудбалот сојузник на Трамп.

„Иако Светското првенство ќе остане огромен комерцијален успех, нема доволно пари за да се избрише моралната дамка од тоа што војните на Трамп се благословуваат во име на фудбалот. Да, важно е ФИФА да гради добри односи со владата на секоја земја домаќин, но Инфантино постојано ја преминуваше линијата помеѓу професионализмот и подлизуркоста“, изјави Крение за „Гардијан“.

„Речиси колку што постои Светско првенство, политичарите се обидуваат да ги легитимизираат своите национални проекти на глобалната сцена на сметка на ФИФА. Во 1934 година, тоа беше Италија на Мусолини, а во 1978 година, воената хунта на Аргентина. Овој пат, сепак, претседателот на ФИФА е тој што е подготвен да го жртвува угледот на спортот. Минатата недела, тој дозволи неговиот личен однос со Трамп да влијае на одлуката за казнување на американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Минатата година, тој лично создаде и додели „награда за мир“ на човек кој бесрамно ужива во воено заплашување. Само неколку месеци откако ја доби оваа награда, измислена специјално за него, Трамп се зафати со промена на режимот во Венецуела, заканувајќи им се на сојузниците на НАТО со воен конфликт и започнувајќи војна со Иран“, се вели во ставот на Натан Голдберг Крени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...