Македонија ги доби противниците за СП 2027

Денес во Минхен се одржа ждрепката за групната фаза на Светското првенство во ракомет во 2027 година, кое ќе се одржи во Германија од 13 до 31 јануари следната година.

Прегледи:

Датум:

Денес во Минхен се одржа ждрепката за групната фаза на Светското првенство во ракомет во 2027 година, кое ќе се одржи во Германија од 13 до 31 јануари следната година.

Трите најдобри екипи од секоја група ќе се пласираат во втората фаза од натпреварувањето, по што ќе бидат формирани четири нови групи. Двете најдобри екипи од секоја група ќе ја продолжат борбата за медали во четвртфиналето.

Сите натпревари од нокаут фазата ќе се играат во Келн, во познатата „Ланксес Арена“, која ќе биде домаќин на четвртфиналето, полуфиналето и финалето. Четвртфиналето е закажано за 26 и 27 јануари, полуфиналето на 29 јануари, додека натпреварите за бронзен и златен медал ќе се играат на 31 јануари.

Македонската сениорска машка репрезентација ќе настапи во Групата Х, каде за противници ќе ги има селекциите на: Исланд, Бахреин и Јапонија.

Бранителот на титулата Данска е во групата Г заедно со Словенија, САД и Ангола.

Групи од првата фаза на Светското првенство 2027:

Група А (Минхен): Германија, Србија, Тунис, Уругвај
Група Б (Штутгарт): Египет, Италија, Зелен ’Рт, Саудиска Арабија
Група Ц (Минхен): Хрватска, Шпанија, Чиле, Турција
Група Д (Штутгарт): Аргентина, Франција, Бразил, Кувајт
Група Е (Кил): Шведска, Норвешка, Грција, Катар
Група Ф (Магдебург): Португалија, Фарски Острови, Полска, Алжир
Група Г (Кил): Данска, Словенија, САД, Ангола
Група Х (Магдебург): Исланд, Македонија, Бахреин, Јапонија

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Премиер лигата со радикална одлука по грешката во дербито на Манчестер

Судиите одговорни за системот за видео помошник на судијата...

Клиперс и Торонто го финализираа договорот за Ленард

Торонто Репторс и Лос Анџелес Клиперс го финализираа договорот...

Шок трансфер: Серхио Рамос на чекор до договор со Астон Вила

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос (40) е во преговори со...

Киву: Модерниот фудбал е ризичен, но ми се допаѓа

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали карактерот на...