Паредес: Цел живот сонувам да играм против Англија на Светското првенство

Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес изјави дека отсекогаш сакал да се соочи со Англијаво завршница на Светско првенство и дека неговиот сон е на прагот да се оствари

Прегледи:

Датум:

Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес изјави дека отсекогаш сакал да се соочи со Англијаво завршница на Светско првенство и дека неговиот сон е на прагот да се оствари.

„Гаучосите“ се квалификуваа за полуфиналето на Светското првенство откако ја победија Швајцарија со 3-1 по продолженија. Нивниот ривал во борбата за место во финалето ќе биде репрезентацијата на Англија, која ја елиминираше Норвешка со 2-1, исто така по продолженија.

„Знаевме дека нè очекува тежок натпревар и се боревме до самиот крај. Од првиот ден се обидувавме да покажеме единство, прво меѓу себе, а потоа и кон светот, за луѓето да можат да почувствуваат поврзаност со тимот. Отсекогаш замислував дека ќе играм на Светско првенство и ќе се соочам со Англија. Цел живот сонувам за овој натпревар. Дефинитивно ќе биде многу тешко“, рече Паредес, цитиран од „Мундо Депортиво“.

„Ги повикувам луѓето да продолжат да веруваат во нас и да нè поддржуваат“, додаде тој.

Играчот од средниот ред изјави дека неговата замена на натпреварот против Швајцарија била принудна поради грчеви. Сепак, тој увери дека неговата физичка непријатност нема да го спречи да учествува во полуфиналниот натпревар со Англија, кој ќе се одржи на 15 јули во Атланта, САД.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...