Астон Вила против Фрајбург во финалето на Лигата на Европа

Астон Вила го надомести дефицитот од првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европаи откако загуби со 0:1 на „Сити Граунд“ во реваншот во Бирмингем, славеше убедлива победа од 4:0 над Нотингем Форест.

Прегледи:

Датум:

Астон Вила го надомести дефицитот од првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европаи откако загуби со 0:1 на „Сити Граунд“ во реваншот во Бирмингем, славеше убедлива победа од 4:0 над Нотингем Форест.

Победата на Вила вчера и пласманот во финалето воодушеви многу клубови од Премиер лигата кои имаат теоретска шанса да стигнат до Лигата на шампионите преку „задната врата“.

Доколку Астон Вила ја освои Лигата на Европа и ја заврши сезоната на петтото место на табелата во Премиер лигата, тогаш шестопласираниот тим би се квалификувал и за Лигата на шампионите.

Токму ваква е ситуацијата на табелата на англиската елитна лига во моментов. Астон Вила е петта, а Борнмут е на шестото место.

Покрај популарните „цреши“, кои имаат 52 бода, шанса за шестото место имаат и Брентфорд (51), Брајтон (50), Челзи (48), Евертон (48), Фулам (48), Сандерленд (47)…

Остануваат уште три кола и нема сомнение дека нè очекува исклучително возбудлива завршница.

Астон Вила е најмирна, бидејќи има два пата што ја водат до Лигата на шампионите – да ја освои Лигата на Европа или да заврши на петтото место на табелата во Премиер лигата, а моментално, со три кола до крајот, има шест бода повеќе од најблискиот ривал (Борнмут).

Астон Вила ќе игра против Фрајбург во финалето на Лигата на Европа на 20 мај во Истанбул.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...