Баерн го симна Реал Мадрид од врвот на ранг-листата на УЕФА

Со двете победи над Реал Мадрид и квалификацијата за полуфиналето на Лигата на шампионите, Баерн Минхен го симна Кралскиот клуб од врвот на ранг-листата на УЕФА

Прегледи:

Датум:

Со двете победи над Реал Мадрид и квалификацијата за полуфиналето на Лигата на шампионите, Баерн Минхен го симна Кралскиот клуб од врвот на ранг-листата на УЕФА. 15-кратниот европски шампион долго време беше на првото место, но во последните две сезони Реал беше елиминиран во четвртфиналето и додаде 27 и 24,5 поени на својот коефициент, соодветно. Ова не беше доволно за да ги задржи на врвот.

Баерн сега е на врвот и на петгодишната и на десетгодишната ранг-листа. На двете ранг-листи, Реал останува втор, со Ливерпул на третото место во едниот случај и Манчестер Сити во другиот.

Во однос на ранг-листата во тековната сезона, Арсенал е на првото место со 38.500 поени. Баерн е втор со 38.250 (двата тима завршија први и втори на табелата во главната фаза – н.з.), а актуелниот носител на трофејот Париз Сен Жермен е трет.

Интересно е што со победите во Лигата на Европа, Астон Вила е на четвртата позиција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...