Баерн Минхен започна преговори за играчот на сезоната во Ередивизи

Баерн Минхен започна преговори со офанзивниот играч на ПСВ Ајндховен, Исмаел Саибари, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Прегледи:

Датум:

Баерн Минхен започна преговори со офанзивниот играч на ПСВ Ајндховен, Исмаел Саибари, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Според информациите, Баварците имаат сериозен интерес за 25-годишниот марокански интернационалец, кој немал ништо против да им се придружи.

Саибари имаше одлична сезона за ПСВ, забележувајќи 19 гола и 9 асистенции во вкупно 37 натпревари за Холанѓаните, кои ја одбранија титулата во Ередивизи. Сосема логично, тој стана и играч на сезоната во холандското првенство.

Интересно, еден од головите на Мароканецот во текот на кампањата беше против Баерн – во поразот на Холанѓаните со 1:2 од баварскиот гигант во Лигата на шампионите.

Саибари најчесто се користи како офанзивен играч од средниот ред, но може да игра и како лево крило и напаѓач, и токму оваа разноврсност го привлече вниманието на германскиот хегемон. Сè уште не е јасно колку би барал ПСВ за играчот, но се очекува неговата цена да биде најмалку 50 милиони евра.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...